Холандски екстремнодесничарски лидер повикува државата да ги затвори вратите за мигрантите

Од:

Холандскиот пратеник Герт Вилдерс, претставник на екстремната десница, кој изразува антиисламски ставови и чиј рејтинг расте, изјави дека сака да бидат затворени границите на Холандија за да се спречи во државата да влезат илјадници бегалци. Тој го оквалификува бранот мигранти како „исламска инвазија“.

Неговата Партија на слободата е се популарна од кога и да е во Холандија, две години пред парламентарните избори во државата.

– Единствен начин за управување со кризата со бегалците е да се најде нашиот национален суверенитет. Не повикувам на ништо неразумно. Повикувам Владата да ги затвори вратите на Холандија како што направи Унгарија да ги затвори вратите за оние кои сметаме дека се економски мигранти, а не бегалци, нагласи Вилдерс.

Минатата недела Холандија прими 1.800 бегалци.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски