Холандската полиција дресира орли кои би биле во состојба да можат да го привлечат вниманието на беспилотни летала и ги наваедат кон полициските сили.
Сепак, она што загрижува е можноста орлите да бидат сериозно повредени додека ги „ловат“ бесплотните летала.
Холандската полиција моментно покрај дресурата на орлите, бара и ефикасен начин да ги заштити од повреди.
По дресурата полициски официјални лица ќе одлучуваат дали е соодветно и ефикасно да се користат орлите за „ловење“ на беспилотни летала.
Полицијата истовремено испитува и други можности за отсранување на беспилотни летала. Една од опциите е и хакирање и превземање контрола над леталата, ако тие се наоѓаат во забранета зона.