Холандската полиција го уапси Бленар Пајана (38), кој се смета за главен организатор на шверцот со кокаин во Европа.
Поради сличноста со познатата фудбалска ѕвезда го нарекуваат „албански Лионел Меси“. Тој е уапсен по барање на италијанските власти на аеродромот „Еиндовхен“ во Холандија, во мигот кога испраќал пијател.
– Бледар, поради големата физичка сличност со познатиот аргентински фудбалер го добил надимакот „Меси“. Се смета за лидер на организацијата која шверцува кокаин од Јужна Америка, а потоа од Мадрид и Лисабон кокаинот бил транспортиран во Италија, каде го преземале други Албанци и го распоредувале и во други земји, објавија албанските медиуми.
Тој успевал месечно да прошверцува над 200 килограми кокаин од чија продажба годишно „заработувал“ по 100 милиони евра.
Главните ќелии „албанскиот Меси“ ги имал во италијанските градови Брешиа и Бергамо, а од Италија побегнал пред два месеца кога негов „соработинк“ бил уапсен со 20 килограми кокаин. Најпрво се засолнил во Белгија, а потоа во Холандија, каде живеел мирен живот но често посетувал казина. Тој ќе биде екстрадиран во Италија.