Холандија: Свештеници силувале десетици илјади жени

Од:

Свештеници од католичката црква од 1945 до 2010 година сексуално злоставиле десетици илјади жени во Холандија, објави во Амстердам еден независен комитет за истрага на злосторствата.

Истражувачите дошле до фрапантни податоци дека дури 40 проценти од анкетираните жени признале дека ги силуваме свештеници и нивни помошници.

Поради тоа во заклучокот на извештајот е наведено дека е невозможно да се дознае точниот број на жртвите.

Според изјавите на жртвите, најголем број од силувањата се случиле во црквите или во просториите кои што ги користеле свештениците, а неколку девојки биле жртви и во своите домови, кога ги посетувале свештениците.

Независниот комитет за истрага на злосторствата кој го извршија свештениците, го формираше Бискупската конференција на Холандија, по налог на владата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски