Холандија се огласи против указот на Трамп за миграцијата

Од:

Холандија не ја поддржува одлуката на САД за забрана на влез на државјани од седум претежно муслимански земји, се наведува во заедничкото соопштение на премиерот на Холандија Марк Руте и министерот за надворешни работи Берт Кундерс.

– Холандија е убедена дека бегалците, кои бегаат од војна и насилство заслужуваат азил, независно од потеклото и верската припадност, се вели во соопштението.

– Ние сме информирани за можноста за проникнување на потенцијални терористи под маската на бегалци, но тука улога треба да имаат службите за безбедност. Жалиме поради оваа забрана и се огласуваме против неа, нагласија Руте и Кундерс.

Би можело да ве интересира

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трамп ја затвора клучната база на Балканот

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна