Холандија повлекува 50.000 тони месо поради сомнеж дека содржи коњско

Од:

Холандските власти повлекуваат околу 50.000 тони месо, кое се продава како говедско во Европа, но постои сомнеж дека содржи коњско месо, бидејќи не може да се утврди неговото точно потекло.

Холандската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека околу 370 компании во Европа и над 130 во Холандија се погодени од повлекувањето, бидејќи купувале месо од две холандски компании.

– Безбедноста на месото не може да се гарантира, бидејќи не може да се утврди неговото вистинско потекло, истакнуваат властите.

Во соопштението се нагласува дека во моментот холандските власти немаат конкретни податоци дека постои опасност за јавното здравје.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски