Холандија е првата европска земја која што започна масовно да ги затвора затворите. Причините не се финансиски, туку недостаток на криминалци.
Додека во повеќето европски земји постои проблем од преполнетост на затворите во Холандија имаат празни ќелии. Стапката на криминал опаѓа во просек по 0,9 отсто секоја година, заради што во 2016. година се затворени пет затвори.
Според проценките на холандските власти, 3.000 затворски ќелии кои што се наменети за малолетни деликвенти ќе останат празни до 2021. година. Поради тоа Холандија овие простории ги отстапи на Норвешка.
Норвежаните од минатата година започнаа да испраќаат затвореници во затворите во Холандија, бидејќи се соочуваат со пренатрупани затвори. Во 2015. година повеќе од 1.000 норвешки затвореници биле пренесени во Холандија.