Холандија: Пилотот блокиран надвор од кабината поради заспаниот копилот

Од:

Холандската нискобуџетна авиокомпанија Transavia, отвори истрага по инцидентот во кој еден од нејзините пилоти бил блокиран надвор од пилотската кабина, каде што копилотот заспал за време на летот, се дознава денес од холандските власти.

Инцидентот се случил во септември на авионот Боинг 737 кој летал за Крит, наведе холандската канцеларија за Безбедност (OVV) во тромесечниот извештај објавен на нејзината веб-страница.

“По два и пол часа лет капетанот на авионот регистриран во Холандија, излегол од кабината да оди во тоалет”, наведува холандската канцеларија.

Канцеларијата додава дека кога капетанот на авионот сакал да се врати во кабината, не добивал одговор од копилотот кога го повикувал преку интерфон.

Кога конечно успеал да влезе во пилотската кабина го нашол копилотот како спие, наведува канцеларијата и додава дека Transavia започнала истрага за овој инцидент.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина