Холандската кралица Беатрикс (75) ќе абдицира на 30 април во корист на својот син, претстонаследникот Вилем-Александар, после речиси 33 години на престолот.
За време на тој период, според многумина, таа го трансформираше кралството во модерна монархија. Кралицата ќе ја потпише абдукацијата во кралската палата во Амстердам во присуство на синот и неговата сопруга, со што Беатрикс ќе се врати на својата претходна титула принцеза, а нејзиниот син ќе стане крал Вилем-Александар.
Новиот крал потоа ќе биде крунисан во катедралата во центарот на Амстердам, со што Вилем-Александар ќе стане првиот крал на оваа монархија после повеќе од еден век, за време на кој на престолот беа жени.
Инаку, принцот Вилем-Александар денеска го прославува својот последен роденден како претстолонаследник, навршувајќи 46 години. Принцот синоќа за холандската телевизија изјави дека роденденот ќе го прослави тивко со семејството и неколкумина пријатели.