Холандија ќе испрати во Украина снајпери и друга воена помош

Од:

Холандската влада денеска соопшти дека во Украина ќе испрати 100 снајперски пушки и муниција, радарска опрема и детектори за мини.

Воена помош ќе биде испратена на барање на украинската влада, изјави холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра. Хоекстра рече дека холандската влада се уште смета дека украинската криза може да се реши со Русија преку дипломатија, но дека во овој тензичен момент мора да ги поддржи украинските вооружени сили.

„Украина мора да биде способна да се одбрани на нејзина територија од можен руски вооружен напад“, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина