Холандија ќе испрати 40 припадници на воената полиција на местото на авионската несреќа во Украина со цел да се стабилизира зоната, изјави холандскиот премиер Марк Руте.
– Владата ја разгледува можности за воспоставување постабилна состојба за враќање на телата, кои се уште се на местото несреќата, изјави Руте, нагласувајќи дека во Украина ќе бидат испратени 23 холандски истражители и 40 невооружени членови на полицијата за поддршка.
Тој истакна дека се разгледуваат можности за поголемо стабилизирање на зоната.
– Не е сигурно дека тоа ќе се случи, бидејќи се потребни меѓународни договори, правни овластувања и проверки, нагласи премиерот.
Според Руте, воените полицајци ќе помогнат во истрагата и во потрагата по телата.