Зголемени се мерките за безбедност на аеродромите во Холандија поради експлозиите во Брисел, а на границата со Белгија е зајакната контролата, соопшти холандската антитерористичка служба.
– Преземаме дополнителни мерки поради безбедност. Тоа значи дека има дополнителни полициски единици на аеродромите во Схипхол, Ротердам и Ајндховен, а зајакнати се и мерките на јужната граница, соопшти службата.
Засилени мерки за безбедност има и на железничките станици во Холандија.