Холандското Министерство за одбрана ги советува војниците да не носат униформи во јавниот транспорт, поради зголемените закани дека земјата може да биде цел на напади на радикални муслимани.
Портпаролката на Министерството, Марлус Висер денеска изјави дека одлуката е донесена синоќа, кога Владата објави дека ќе испрати шест авиони-ловци Ф-16 кои ќе извршуваат воздушни напади врз терористичката група Исламска држава во Сирија и Ирак.
Соопштувајќи ја одлуката, холандскиот вицепремиер Лодевејк Асхер призна дека улогата на земјата во борбата против ИД носи опасност.