Холандија денеска ќе добие нов крал

Од:

Холандската кралица Беатрикс, им се заблагодари на своите, за големата поддршка која ја имаше во претходните 33 години и ги повика да му ја дадат на нејзиниот постар син Виљем Александар, кој денес официјално треба да ја преземе круната.

-Сега кога мојот постар син ја презема оваа племенита и одговорна работа, голема е мојата желба новиот кралски пар да ги добие вашата поддршка и љубов, на ист начин на кој ги имав и јас – изјави Беатрикс во своето обраќање до јавноста.

По телевизиското обраќање на Беатрикс, гостите кои во Амстердам допатуваа од сите страни на светот ги покани на вечера во реновираниот национален музеј.

Големиот број на гости со „сина крв“, вечераа пред едно од големите ремек дела на Рембрант „Ноќна стража“.

Се очекува денес на примопредавање на престолот во Амстердам да присуствуваат повеќе од милион луѓе.

За нивната безбедност ќе се грижат околу 13.000 полицајци и голем број радари.

Воздушниот простор над Амстердам ќе биде затворен до четврток, а познатиот амстердамски Дам Сквер и околниот простор, полицијата го прегледа со кучиња за пронаоѓање на бомби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина