Хокинг: Животот после смртта е бајка за оние кои се плашат од мрак

Од:

Славниот британски физичар и еден од најголемите умови на денешницата Стивен Хокинг на премиерата на документарниот филм „My Brief History“ во Кембриџ изјави дека верува дека човечкиот мозок може да функционира одвоено од телото.

– Мозокот е како програма која се наоѓа во нашиот ум, па затоа верувам дека теоретски е можно мозокот да се прекопира на компјутер. Тоа би овозможило еден облик на живот после смртта. Во моментов нема таков компјутер, иако тоа не е невозможно. Верувам дека „класичен“ живот после смртта е бајка за луѓето кои се ужаснуваат од мрак, рече физичарот, кој зборуваше со компјутер, со кој управува со помош на трепкање на очите и движење на мускулите на лицето.

Неговиот документарен филм ја донесува приказната за неговото детство, студентските денови, децата и двете сопруги.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска