Човештвото нема да преживее доколку не побегне од Земјата, тврди познатиот британски научник Стивен Хокинг (71).
Тој смета дека Земјата е многу кревка планета и дека луѓето мора да ја напуштат инаку ќе умрат за 1.000 години.
Хокинг кој целиот свој живот го помина во изучување на универзумот, тврди дека е неопходно да продолжи со изучување на вселената, пренесоа американските медиуми.
Тој своето мислење го пренел на собир на научници во Лос Анџелес.
Според него проблемите во изучување на вселената настанале поради светската економска криза.
Проектите се многу скапи, па американската НАСА оваа година остана без 300 милијарди долари за истражување.
Елена Георгиевска