Хјуман Рајтс Воч го обвинува Израел дека ги тера Еритрејците и Суданците да се вратат во своите држави

Од:

Меѓународната агенција за заштита на човковите права „Хјуман Рајтс Воч“ го обвини Израел дека ги тера Еритрејците и Суданците, кои престојуваат на изрелска територија,да се вратат во своите земји.

Станува збор за околу седум илјади луѓе,за кои ХРВ тврди дека немаат пристап до вообичаената процедура за барање азил и се чуваат во изолација,во посебен камп,во пустината Негев. На почетокот од оваа година,овие африкански „азиланти“ организираа протести,барајќи од израелските власти подобрување на нивниот статус.

Израелската влада ги отфрла обвинувањата од ХРВ и тврди дека станува збор за „илегални имигранти“ спрема кои владата во Ерусалим ги применува истите меѓународни прописи и стандарди,што ги применуваат и другите земји во светот.

Според израелските власти,луѓето од Еритреја и од Судан,не сакаат азил во Израел,туку како економски имигранти,гледаат на оваа земја како атрактивно место,само затоа што е блиску до развиените држави каде Африканците сакаат да најдат работа.

Еритрејците и Суданците почнаа да доаѓаат во Израел,во 2006 година,навлегувајќи преку Синајскиот Полуостров.До крајот на 2012 година,во Израел дојдоа 37 илјади луѓе од Еритреја и повеќе од 14 илјади од Судан.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници