Хјуман Рајтс Воч: Египетските безбедносни сили извршиле воени злосторства на Синајскиот полуостров

Од:

Египетските безбедносни сили извршиле масовни злоставувања на цивили во северниот дел на Синајскиот полуостров, од кои некои можат да се сметаат за воени злосторства, соопшти денеска организацијата Хјуман Рајтс Воч (ХРВ), повикувајќи ги останатите земји да ја запрат воената помош.

Египетските копнени и воздушни сили со години се борат против исламистичките бунтовници на Синај во судир кој е поттикнат од општата состојба на Блискиот исток и долготрајните занемарувања и угнетувања на сиромашните и изолирани региони од страна на државата, истакнува ХРВ.

Во извештајот на организацијата, безбедносните сили се обвинуваат за произволни апсења, вклучително и деца, за исчезнувања, мачења, вонсудски апсења, колективни казни и присилно иселување.

Иако египетската Влада за сега нема реакција на извештајот, во минатото за обвинувања за кршење на човековите права одговори дека за совладување на Исламска држава и други џихадисти на територијата на Египет биле потребни остри безбедносни мерки.

Хјуман Рајт Воч соопшти дека нивниот извештај од 134 страници се темели на истражување спроведено од 2016 до 2018 година.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет