Хилари Клинтон си замина од функцијата

Од:

ВАШИНГТОН – Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и формално ја напушти функцијата, на која ќе ја замени демократскиот сенатор од Масачусетс, Џон Кери.

На Клинтон во Стејт департментот на последниот работен ден и беше организиран проштален прием, на кој присуствуваа неколку стотици вработени во таа институција.

Во писмото, упатено до претседателот Барак Обама, кое го објавуваат медиумите, таа му се заблагодари на одлуката да биде дел од неговата администрација. Клинтон изрази уверување дека Америка ќе продолжи и понатаму да биде глобален лидер.

Нејзиниот наследник Кери ќе ја преземе должноста подоцна оваа вечер, откако на приватна церемонија, без присуство на медиуми, ќе положи заклетва.

Медиумите Клинтон ја поврзуваат со потенцијалната претседателска кандидатура во 2016 година, што таа не го демантира тоа, велејќи дека се уште не одлучила каков ќе биде нејзиниот иден политички ангажман по напуштањето на Стејт департментот.

Последните истражувања, спроведени од страна на CNN, велат дека 67 проценти од граѓаните на америка ја гледаат во позитивно светло.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украински ММА борец, победи Американец во Лас Вегас и скандираше: Русија, Русија

Пукање за време на средношколски натпревар во САД, тројца повредени, двајца уапсени

Горан Наумовски

Пентагон нареди распоредување на систем за противвоздушна одбрана со долг дострел на Блискиот Исток

Трамп: Џејмс Коми е најлош директор на ФБИ досега

САД повикуваат на воздржаност пред утрешниот протест на опозицијата во Тирана

Крис Еванс најави нов портал за политика