Хилари Клинтон – „Рок ѕвезда дипломат“

Од:

Без разлика на сите тврдења дека ќе ја напушти политиката, Хилари Клинтон, која Њујорк Тајмс ја нарекува Рок ѕвезда дипломат, и понатаму е најпопуларна личност во САД.

Додека Клинтон се подготвува да го напушти местото државен секретар на САД, никој не верува дека таа и нејзиниот сопруг Бил, поранешен претседател на САД, ќе исчезнат од американската политичка сцена, со која доминираат околу две децении.

Иако се поставува прашањето за нејзината одговорност во пропустите за безбедноста пред нападот на американската амбасада во Бенгази во септември, Клинтон е најпопуларна во американската администрација.

Њујорк Тајмс, ја нарекува „рок ѕвезда во дипломатијата“, со оглед дека голем број на луѓе се собираат само за да ја поздрават, во сите делови од светот.

Многумина и понатаму се уверени дека Клинтон и покрај тоа што повеќе пати негираше, уште еднаш ќе се обиде да влезе во претседателската трка, пишува Франс прес.

Анкетите покажуваат дека нејзината политика ја одобруваат повеќе од 60% Американци, а поедини политичари сметаат дека точно таа би можела ад биде избрана за кандидат на Демократската партија за наредните избори за претседател во 2016-та година.

Клинтон се кандидираше за номинација на Демократската партија за претседателските избори во 2008. година, но со мала разлика изгуби од Барак Обама.

Кога тогашниот нов претседател ја именуваше за државен секретар, многумина рекоа дека Клинтонови се враќаат на власт. Меѓутоа Хилари од почетокот беше посветена на Обама, преземајќи дури и одговорност за загинувањето на четири членови на американската амбасада во нападот во Бенгази.

Критичарите, од друга страна истакнуваат дека државната секретарка не постигнала ниту една „голема победа“, можеби затоа што Обама заземал цврсти ставови за сите важни надворешношполитички прашања, како Авганистан, Ирак, „арапската пролет“.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април