Хилари Клинтон пристигна во Кина

Од:

Државниот секретар на САД Хилари Клинтон денеска пристигна во Пекинг на разговори за американската политика во регионот и за споровите меѓу Кина и другите азиски држави околу мореплавството, пренесоа светските агенции.

Попладнево Клинтон треба да се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Јанг Џиечи. За утре се предвидени и други нејзини разговори, вклучувајќи го претседателот на НР Кина Ху Џинтао и вицепретседателот Си Џинпин, соопштија кинески претставници.

Се очкеува првиот американски дипломат да дискутира со своите домаќини за теми како Северна Кореја, нуклеарните програми на Иран, кризата во Сирија и други меѓународни прашања, вклучувајќи ги споровите на Кина со Јапонија и Филипините за суверенитетот врз островските групи во Источнокинеско море и Јужнокинеско море.

Кина е третата станица, по Индонезија и островите Кук, во актуелната турнеја на Хилари Клинтон.

Би можело да ве интересира

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски