Хилари Клинтон: Немавме воопшто пари и бевме задолжени

Од:

Семејството Клинтон било во голема финансиска криза, по истекување на вториот претседателски мандат на Бил Клинтон, рече поранешната прва дама на САД, која се смета за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година, во интервју за телевизија „АБС“.

-Кога излеговме од Белата куќа не само што немавме пари, туку бевме и задолжени. Се мачевме да собереме средства за хипотека, за куќа, за образование на ќерка ни Челси. Знаете не беше воопшто лесно- изјави Хилари Клинтон.

На нејзините изјави веднаш реагираа републиканците, наведувајќи дека Хилари нема допир со реалноста.

klintonovi-a1

Бил Клинтон по заминување од Белата куќа во 2001 година, заработил богатство благодарение на хонорарите за говори, а Хилари потоа беше сенаторка од државата Њујорк, а потоа и државна секретарка во првата администрација на претседателот Барак Обама.

Податоците од Сенатот кои Хилари ги достави во 2000 година покажуваат имот од 781.000 долари, до речиси 1,8 милиони долари. Истите податоци покажуваат дека Клинтонови должеле од 2,3 до 10,6 милиони долари.

Семејството Клинтон ги исплатило своите долгови во 2004 година, а кога Хилари се подготвувала да ја преземе функцијата државен секретар во 2009 година, богатството на нејзиното семејство се проценувало од 10 до 50 милиони долари.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа