Хилари Клинтон го критикуваше договорот на САД со Авганистан

Од:

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон предупреди дека во американскиот план за ставање крај на 18-годишната војна во Авганистан мора да се вклучат и локалните самоуправи и жените, затоа што без нив, договорот потпишан од Вашингтон со талибанците не може да успее.

Во говор на собир на ОН за правата на жените во Авганистан, Клинтон рече дека Авганистанките денес со право се исплашени дека напредокот постигнат со американската помош ќе биде со кус век на траење, доколку се брза да се постигне договор кој и онака нема да опстане.

Советот за безбедност на ОН треба да се изјасни за резолуција поднесена од САД во која се поздравуваат „значајните чекори за завршување на војната и отворање на внатреавганистански преговори“, што беше постигнато преку одделни договори меѓу Вашингтон и Талибанците и авганистанската Влада.

Во предлог-резолуцијата се нагласува дека вклучувањето на жени, млади и малцинства е важно за да се обезбеди заштита на нивните основни права.

Во нацрт-резолуцијата на САД се изразува „подготвеност да се разгледа ревидирање на санкциите на ОН против Талибанците по почетокот на внатреавганистанските преговори“.

Од дипломатски извори се дознава дека е неизвесно дали сите 15 членки на Советот за безбедност ќе гласаат за резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД