Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, рече дека разбира оти Србија има долга и тешка историја на санкции, како и дека САД го разбираат тоа, но дека сепак треба добро да погледнат каде се нејзините национални интереси и дека е убеден дека порано или подоцна ќе види дека се на Запад.
Би ги предупредил Србите да разберат дека ова не е нивната „мајка Русија“, ние си имаме работа со многу поинаква Русија“, изјави американскиот амбасадор во синоќешното интервју за Српската радио-телевизија (РТС).
Хил рече дека знае дека е тешко и дека Србија со децении има добри односи со Русија, но дека ова е многу поинаква Русија, Русија која брутално ги напаѓа соседите и дека Србија треба да даде изјава.
„Ако ја погледнете Европа, многу малку земји, ми се чини дека само Белорусија и Србија не воведоа санкции кон Русија. Тоа е прашањето дали Србија сака да остане во тоа општество. Многу земји воведоа санкции и тоа ги чини. Прашањето е дали можат да влијаат на однесувањето на Русија со санкции, но сепак ги воведоа бидејќи разбираат дека треба да бидат обединети и да се спротивстават на она што го прави Русија“, рече Хил.
Тој рече дека не мисли дека некој и се заканува на Србија по ова прашање, туку дека смета дека другите земји бараат од Србија да се изјасни.