Хигинсовиот бозон ги збуни научниците

Од:

Научниците неодамна ги објавија своите последни податоци во врска со Хигсовиот бозон. Иако меѓу податоците имало неколку очигледни изненадувања, ова тие не го поделиле со светот.

Оргиналните податоци покажуваат дека Хигс многу често се распаѓала во два фотона отколку што се очекувало – така што давало на знаење дека станува дел од физиката кој е доста непознат нас во овој момент.

Судејќи по најновите податоци, истражувачите од Атлас пронашле нешто бизарно, толку бизарно што физичарите претпоставиле дека нешто не е во ред со нив.

Наместо едно пробивање на врвот, тие пронашле две. Се чини дека постои еден Хигсов бозон со маса од 123.5 GeV (гигаелектрон волт, мерка која физичарите ја користат за дефинирање на маса на честичките) и уште еден со маса од 126.6 GeV – што претставува статистички значајна разлика од скоро 3 GeV. Научниците минатиот месец се обидувале да откријат дали е некаква грешка, но потполно без успех.

Дали е возможно да постојат два Хигсови бозони?

Иако поединечни теории на Стандардниот модел на честичките претпоставува дека има повеќе бозони, ниедна од нив не предвидува дека масите им се толку слични. Исто така не предвидуваат зошто еден бозон се распаднува на две Z-честички, а другите на протони.

Иако и натаму постои мала шанса дека овие податоци се дело на лошо калибрирана опрема, научниците најавуваат уште податоци во март 2013 година.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска