Хидронскиот судирач на ЦЕРН наскоро повторно во погон

Од:

Пред две години ЛХЦ докажа постоење на Хигсов бозон, за кој научниците веруваат дека ја претвора енергијата во маса.

Од Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН јавуваат, дека по надградбата, повторно ќе биде во функција Големиот хидронски судирач на атоми ЦЕРН. Пред две години научниците од ЦЕРН објавија дека откриле атом кој објаснува како настанал светот.

Еден од најскапите научни експерименти наскоро повторно ќе биде ставен во погон. Големиот хидронски судирач беше вон функција поради надоградба вредна 165 милиони долари. Пред две години ЛХЦ докажа постоење на Хигсов бозон, т.н. Божји атом за кој научниците веруваат дека енергијата ја претвора во маса.

Половина сила

Сто метри под површината на земјата техничарите ги довршуваат последните надоградби на најнапредниот експеримент во светот од областа на физиката. Големиот хидронски судирач испраќа мали атоми низ цевка со брзина незначително помала од брзината на светлината, значи речиси 300.000 километри во секунда.

Сепак, грешките настанати при градбата го спречија ЛХЦ да го оствари својот целосен потенцијал. – Во првите три години работевме само со половина сила, но тоа сеедно беше доволно да го откриеме Хигсовиот бозон и многу други работи. Сепак, физичарите сакаат да одат понатаму, сакаат уште повеќе енергетски атоми и судирања – вели Кети Фораз, инжинерка во ЦЕРН.

За оваа надоградба беше потребно да се исклучи ЛХЦ, а потоа дел по дел повторно да се состави и внимателно да се тестира, јавува Терек Безли, кој се јави од ЦЕРН, кој се наоѓа во Швајцарија.

– Многу подобрувања се однесуваа на зајакнување на овие 1.700 бакарни кабли. Тие се важни, бидејќи поврзуваат огромни електромагнети во цевките. Електромагнетите се значајни за експериментот, бидејќи го насочуваат снопот на атомите, кои патуваат низ цевка долга 27 километри – наведува тој.

Лечење на карциномот

При полна брзина, атомите цевката ја обиколуваат 11.000 пати во секунда. Потоа се испраќаат на судирање со друг сноп, кој исто така минува низ истата цевка, само во спротивна насока. Резултатот – судар на големи енергии кој потоа се анализира за да се открие како се однесуваат електроните во атомот. – Бараме целосно нови електрони, можеби и електрони на темни соединенија, кои се толку тешки што не можеме да ги создадеме со помош на енергијата која до сега сме ја создавале. Мора да направиме посилен судар за да истражиме поголеми маси и поголема енергија – објаснува физичарката во ЦЕРН Кејт Шоу.

Откритијата од овој експеримент веќе ни овозможија подобро разбирање на светот кој не опкружува. Тоа знаење се користи и во медицината за развивање на нови терапии за лечење на карцином. Други примени се очекуваат во претстојните години. Истражувачите велат дека тие можности ќе бидат поголеми со зголемување на силата на акцелераторот.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска