Хезболах: Сирискиот одговор на израелските воздушни напади е почеток на нова стратегија

Од:

Либанската шиитска организација Хезболах го поздрави сирискиот одговор на израелските воздушни напади против ирански и сириски бази во Сирија, нагласувајќи дека таа реакција претставува „нова стратешка фаза“, со која се става крај на нарушувањето на сириската територија.

Израел соопшти дека еден од израелските авиони-ловци Ф-16 се урнал, откако бил цел на интензивен напад од сириската противвоздушна одбрана. Израел одговори со силен напад врз 12 бази во Сирија. Според израелската армија, инцидентот е предизвикан од ирански дрон, кој навлегол во изралеското воздушно пространство, што е демантирано од заедничкиот оперативен штаб на Сирија и нејзините сојузници – Иран и Хезболах.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија