Хезболах: Покрај санкциите од САД, ирански танкер со гориво на пат кон Либан

Од:

Хасан Насралах, лидерот на проиранското либанско движење Хезболах, денеска соопшти дека првиот ирански брод со гориво е на пат за Бејрут, главниот град на Либан, јавува Анадолија

Тој соопшти дека првиот брод кој превезува гориво испловил од Иран и додаде дека ќе го следат и други бродови кои исто така ќе превезуваат нафта. Исто така, ги предупреди Израел и САД да не го пресретнуваат бродот.

Во последните денови на бензинските пумпи во Либан се видливи долги редици, а поголемиот дел од луѓето се соочија со проблеми поради недостиг на дизел, потсетува Анадолија.

Либан се соочува со сериозна економска криза, локалната валута ја загуби речиси целата вредност во однос на доларот, а низ улиците често се одржуваат масовни протести и собири.

Оваа арапска држава не успеа да формира нова администрација по оставката на Владата на Хасан Диаб на 10 август 2020 година, шест дена по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“