Хезболах: Настаните во Сирија се голема и опасна трансформација

Од:

Претставникот на проиранската група Хезболах во Либан, Хасан Фадлала, денеска во првата реакција на таа група за соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека на овие настани гледа „голема, опасна и нова трансформација“.

„Она што се случува во Сирија е голема, опасна и нова трансформација и како и зошто она што се случи бара евалуација, а евалуацијата не се прави на подиуми“, рече Фадлала во изјавата, пренесе Ројтерс.

Сириските вооружени опозициски групи, предводени од сунитската исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам, влегоа во Дамаск во неделата, а заземањето на сириската престолнина го принуди Асад да ја напушти земјата.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе