Хезболах направи видео игра за борбите во Сирија

Од:

Либанското шиитско движење Хезболах објави воена видео игра заснована на војната во Сирија.

Главниот херој во играта е Ахмед, кој со оружје во рака и гранати на половината влегува од една во друга битка на сириска територија.

Исламистичкото движење, кое во сириските битки учествува на страната на претседателот Башар ал Асад против бунтовниците и џихадистите, организираше и церемонија во јужен Бејрут на која ја претстави играта „Света одбрана – Заштити ја татковината и светите места“.

Играта го одразува „сириското искуство на Хезболах во Сирија“, вели еден од авторите, Хасан Алам од одделот за електронски медиуми на движењето. Тој оддел развива видео игри поврзани со борбата на Хезболах против Израел на либанска територија.

Играта ќе се продава за пет долари и воглавно е наманета за младите поддржувачи на шиитското движење.

Би можело да ве интересира

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија