Хезболах: Нападот на САД во Сирија е „идиотски потег“

Од:

Либанската шиитска група Хезболах оцени денеска дека американскиот напад врз сириската воздухопловна база бил „идиотски потег“ што ќе доведе до „големи и опасни тенизии“ на Блискиот Исток.

Групата Хезболах, што го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад во шестгодишниот конфликт, наведе во соопштението дека овој напад нема да ја деморализира сириската војска ниту пак ќе делува негативно на нејзините сојузници.

Американската воена акција е „услуга“ за Израел и неговите „амбиции во регионот“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија