Хезболах: Либанската влада направи „смртен грев“ со одлуката да нè разоружа

Од:

Либанското милитантно движење Хезболах денес соопшти дека владата на премиерот Наваф Салам направила „смртен грев“ со тоа што ѝ дала на армијата овластување да воспостави државен монопол врз оружјето до крајот на годината, што го оцени како директен напад врз правото на отпор кон Израел.

Во писмена изјава, Хезболах рече дека одлуката е „донесена под американски диктат“ и предупреди дека ќе ја третира како „непостоечка“, објави Ројтерс.

„Владата донесе одлука што директно му користи на израелскиот непријател. Одземањето на оружјето за отпор на Либан е тежок грев и стратешка грешка“, се вели во соопштението на движењето.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху без милост: Нема прекин на огнот

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Израел и Либан започнуваат разговори