Хезболах го влече Либан кон војната во Сирија, изјави поранешниот премиер Саад Харири

Од:

Еден од највлијателните сунитски политичари во Либан, Саад Харири, го обвини лидерот на Хезболах дека земјата уште повеќе ја влече кон граѓанската војна во соседна Сирија, пренесоа американските медиуми.

Харири, кој е поранешен премиер на Либан, коментарот го даде два дена откако смртоносен атентат со автомобил бомба потресе кварт под контрола на шиитското движење во јужен Бејрут.

Многумина експлозијата ја сметаат за одмазда за вооружената поддршка на Хезболах за сирискиот претседател Башар ал Асад, забележуваат американските медиуми.

Во четвртокот лидерот на шиитското движење, Хасан Насрала, ги обвини сунитските екстремисти за експлозијата и изјави дека е подготвен двојно да го зголеми бројот на борците на Хезболах во Сирија, ако експлозијата е поврзана со овој конфликт.

Харири на својот профил на Твитер напиша дека говорот на Насрала „Либан го влече уште повеќе кон сирискиот оган и жално е на ваков начин попусто да се пролива крвта на Либанците“.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години