Хенкок: Луѓето кои ги игнорираат владините совети се себични

Од:

Луѓето кои ги игнорираат владините совети за справување со пандемијата на коронавирусот се многу себични, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Тој рече дека Владата во Лондон е подготвена да преземе повеќе мерки доколку е потребно за да се спречи ширењето на вирусот.

Во текот на изминатиот викенд на социјалните мрежи и во медиумите беа објавени фотографии на кои се гледаат многу луѓе кои посетуваат отворени места во многу делови на Велика Британија, јави Би-Би-Си.

Британските пратеници подоцна ќе расправаат за законите за вонредни ситуации врз чија основа би биле дадени овластувања за борба против пандемијата.

Според најновите бројки, бројот на починати во Велика Британија достигна 281, вклучувајќи лице на возраст од 18 години, додека бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирусот е 5.683.

Во меѓувреме, Националната здравствена служба на Англија идентификуваше и контактира со 1,5 милиони луѓе со најголем ризик, кои треба да останат дома 12 недели.

Од родителите се бара да ги остават децата дома доколку не е неопходно да излезат, а повеќето училишта во земјата се затворени.

Во изјава за Би-Би-Си, Хенкок рече дека не знае зошто некои луѓе ги игнорирале советите на Владата.

– Тоа е многу себично, рече тој во емисијата „Тудеј“ и доаде дека Националната здравствена служба прави сè што може и се подготвува за ширење на вирусот.

Британскиот министер за здравство рече дека советите на владата за социјална дистанцираност се „навистина јасни“, дека луѓето треба да бидат на два метри оддалеченост едни од други и да останат дома доколку е можно.

На прашањето дали Владата денеска ќе разгледа построги мерки, тој рече дека сè е можно и оти Велика Британија гледа што прават другите европски земји.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија