Студентите од Универзитетот во Мериленд уште минатата година изработија хеликоптер на човечки погон, кој успеа да лебди во воздух 11 секунди. Но, нивниот амбициозен проект неодамна доби и продолжение.
Студентите минатата недела го изработија хеликоптерот „Гамера 2“, кој лебдеше 50 секунди, со што беше соборен светскиот рекорд.
„Гамера 2“ е изработен од јаглеродни влакна и тежи само 32 килограми, а долг е 32 метри. Неговата изработка чинеше 150.000 долари.