Хејли: Време е Северна Кореја да сфати дека повеќе не си играме

Од:

Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Ники Хејли ги поздрави новите санкции против Северна Кореја, како знак дека меѓународната заедница сериозно се занимава со заканите од нуклеарната програма на Пјонгјанг.

– Време е Северна Кореја да сфати дека повеќе не си играме, рече Хејли гостувајќи на Фокс њуз.

Советот за безбедност на ОН воведе нови санкции кон Северна Кореја, кои би можеле за една третина да го намалат годишниот приход на оваа земја од извозот, кој моментно изнесува три милијарди долари.

Санкциите беа воведени врз основа на резолуција, која ја предложија САД, како одговор на најновите тестирања на балистички ракети, кои Пјонгјанг ги изведе минатиот месец.

– Една третина од нивниот извоз е погоден и во основа им извршивме тежом удар со милијарда долари санкции, кои веднаш ќе почнат да се чувствуваат, рече Хејли.

Со санкциите се забранува увоз на јаглен, железо, челик, железна руда и морски плодови од Северна Кореја. Исто така, им се забранува на земјите да го зголемат сегашниот број на севернокорејски работници кои работат во странство, се забрануваат нови заеднички претпријатија со Северна Кореја, како и нови инвестиции во постоечките претпријатија.

Со резолуцијата, која е едногласно усвоена додадени се и девет лица, како и четири фирми на „црната листа“ на ОН.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија