Хејли ќе се кандидира за претседателските избори во САД во 2024 година

Од:

Еден од клучните членови на кабинетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ники Хејли, ќе се кандидира за претседател на САД од редовите на републиканците во 2024 година, објави денеска „Тајмс“.

Хејли, која две години беше амбасадор на Трамп во Обединетите нации, рече дека официјално ќе ја објави својата кандидатура на 15 февруари.

Трамп во ноември изјави дека се залага за неговиот нов избор за Белата куќа и досега тој е единствениот сериозен кандидат кој изјави дека дефинитивно е во игра.

Хејли (51) се претстави како дел од новата генерација републикански лидери.

Хејли, според анкетата на „Морнинг Консалт“, има просек од само три отсто во републиканските прелиминарни анкети за претседателските избори во 2024 година, зад Трамп со 48 отсто, гувернерот на Флорида Рон ДеСантис со 31 отсто и потпретседателот на Трамп, Мајк Пенс, исто така со едноцифрена бројка.

Пред да се приклучи на администрацијата на Трамп, Хејли помина шест години како гувернер на Јужна Каролина, а во 2016 година, кога Трамп ја освои претседателската функција, таа ги поддржа сенаторите Тед Круз и Марко Рубио на републиканските прелиминарни избори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД