Хејли ги осуди руските акции во Украина

Од:

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли ги осуди „агресивните акции“ на Русија во Украина.

– Сакаме да ги подобриме нашите односи со Русија. Сепак, тешката ситуација во источна Украина е онаа која бара јасна и силна осуда на руските акции, нагласи Хејли синоќа во нејзиното прво јавно обраќање во Советот за безбедност на ОН.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ситуацијата во Донбас се влошува бидејќи на Киев му се потребни пари, па со тоа се обидува да се прикаже како жртва во очите на Европската унија.

– Причина број еден е тоа што на украинското раководство сега му се потребни пари, а најдобар начин да дојде до нив е да ги извлече од ЕУ или од европските земји поединечно, САД или меѓународните финансиски институции, претставувајќи се себеси како жртва на агресија, истакна Путин.

ТАСС јави дека Путин по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта навел и дека украинските власти се обидуваат да се изборат со опозицијата со насочување на вниманието кон влошувањето на состојбата во Донбас.

Рускиот претседател го обвини Киев за провоцирање на разгорувањето на борбата во источна Украина и додаде дека тоа е „местенка“ смислена со цел да се придобие поддршката од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп.

Властите во Киев вчера соопштија дека двајца украински војници загинаа во индустриската зона во источна Украина, каде и украинските и проруските сили пријавија гранатирање на нивните позиции во текот на ноќта.

Во упориштетот на проруските сили, Доњецк, самопрогласените власти соопштија дека двајца цивили се повредени.

Двете страни во 2015 година се обврзаа на прекин на огнот и повлекување на тешкото вооружување вклучително и ракетите од типот „град“.

Најмалку 10 лица загинаа во источна Украина од понеделникот и десетици се повредени, вклучително и цивили на двете страни на линијата на фронтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски