Американскиот министер за одбрана Чак Хејгл изјави денеска дека е загрижен од евентуалните несогласувања меѓу сојузниците во НАТО во врска со приоритетите на Алијансата.
Според него земјите од северниот дел на НАТО сакаат фокусирање на заканите од Русија, а оние од југот повеќе стравуваат од проникнувањето на екстремистите од северна Африка.
Хејгл ова го изјави на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Брисел, на која се разгледува реорганизацијата на Алијансата.
Тој нагласи дека сега е моментот за единство и оти НАТО со сите предизвици треба да се соочува истовремено.