Хејгл: САД нема да дозволат Иран да се стекне со нуклеарно оружје

Од:

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгл му вети на Израел дека САД нема да дозволат Иран да се стекне со нуклеарно оружје, изјави потпаролот на Пентагон, Џорџ Литл.

По средбата на Хејгл со израелскиот министер за одбрана Моше Јалонв о Вашингтон, Литл нагласи дека САД планираат да ја искористат можноста за изнаоѓање дипломатско решение на спорот околу иранската нуклеарна програма, но додаде дека и натаму ќе бидат внимателни во односите со Техеран.

Новиот ирански претседател Хасан Рохани, кој важи за умерен центрист, презеде некои чекори со кои го намали тензиите во односите со Западот.

Преговорите на Иран со „шесторката“ која ја сочинуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, околу иранската нуклеарна програма ќе бидат обновени на 15 и 16 октомври во Женева.

 

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он