Хејгел: САД затвораат 15 воени бази во Европа

Од:

САД ќе затворат 15 воени бази низ Европа, со што Пентагон ќе заштеди околу 500 милиони долари годишно, изјави денеска американскиот секретар за одбрана во заминување Чак Хејгел, пренесува Би-Би-Си.

Голем број воени бази што ќе бидат затворени се помали објекти, што се остатоци од Студената војна и стационари, во најголем дел во Велика Британија и Португалија, а се однесуваат на припадниците на американските Копнени сили во Европа.

САД моментално имаат над 60.000 војници стационирани во Европа, во најголем дел во Германија, Италија и Велика Британија и нивниот број ќе остане ист бидејќи Вашингтон планира да врши нивно „ротирање“ низ Европа, како и се вклучи во програми за обука, наведува Би-Би-Си.

Според Хејгел тоа има за цел да се зголеми ефикасноста на американското воено присуство во Европа и по тензиите Вашингтон да го насочи вниманието кон Азија.

Хејгел истакна дека британската воена база РАФ Лејкенхет ќе биде прва постојана европска база за нови американски авиони од типот Ф-35 и дека промените ќе значат намалување од околу 2.000 американски воени службеници во Велика Британиај во следните неколку гофини.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство