Хејгел: САД се подготвени за воена опција во Сирија

Од:

Пентагон е подготвен да спроведе воена операција за Сирија, ако претседателот Барак Обама се одлучи за таква опција, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгел, за време на посетата на Малезија.

Хејгел истакна дека претседателот Обама побарал од Пентагон да подготви опции за сите сценарија. – Ние го направивме тоа и сме подготвени да ги спроведеме сите опции, ако тој се одлучи за некоја од нив, изјави Хејгел.

Според Хејгел администрацијата се уште врши проценка дали да употреби воена сила во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје.

Се проценуваат многу фактори, како разузнавачката проценка за нападот во Сирија, правни прашања и проблемот со меѓународната поддршка за евентуален воен одговор.

Хејгел се наоѓа во Малезија, од каде почнува еднонеделна турнеја во Азија.

Најновото истражување на јавното мислење во САД покажува пад на поддршката за американска интервенција во Сирија.

Воената опција за Сирија ја поддржуваат само девет проценти од Американците, са против неа се 60 отсто.

Резултатите од анкетата на агенцијата Ипсос покажуваат дека во случај да се докаже дека сирискиот режим употребил хемиско оружје, воена интервенција ќе поддржат 25 проценти од Американците, а против ќе бидат 46 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија