Хегсет: САД нема да запрат додека не ја завршат операцијата во Иран

Од:

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД нема да ги запрат воените операции во Иран сè додека не ги постигнат своите цели, велејќи дека се погодени повеќе од 7.000 цели и дека воените капацитети на Иран се значително ослабени.

„Ќе ја завршиме мисијата, а жртвите на нашите војници ја прават нашата посветеност уште посилна“, рече Хегсет на прес-конференција, објави NBC News.

Тој рече дека американската војска досега погодила повеќе од 7.000 цели низ Иран и неговата воена инфраструктура, нарекувајќи ја „супериорна и прецизно применета сила“.

Според него, способноста на Иран да произведува балистички ракети претрпе „веројатно најтежок удар“ и е намалена за околу 90 проценти од почетокот на конфликтот.

Хегсет нагласи дека Иран е земја од големи размери која насочила значаен дел од своите државни ресурси кон производство на ракети и беспилотни летала и дека, како што изјави, се потпира на мрежа од организации поддржани од државата.

Тој додаде дека целта на операцијата е да се уништат ракетните системи и индустриската база на Иран, како и да се спречи земјата да се здобие со нуклеарно оружје.

Зборувајќи за смртта на шестмина американски војници во падот на воениот авион за полнење гориво над Ирак минатата недела, Хегсет рече дека разговарал со нивните семејства.

„Ни рекоа да го завршиме ова, да ја почитуваме нивната жртва и да не се откажуваме додека не се заврши работата. Нашиот одговор, и одговорот на претседателот, беше едноставен, ќе ја завршиме оваа мисија“, рече Хегсет.

Би можело да ве интересира

Американски генерал го предупредил Пентагон дека САД немаат доволно сили да го бранат Израел

Танкер погоден во Ормутскиот теснец

„Америка веќе подготвува нови воени напади врз Иран овој викенд, а целта е иранскиот подземен комплекс“

Катерина Ѓуровски

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ