Хедер Науерт се повлекува како кандидат за амбасадор на САД во ОН

Од:

Портпаролката Хедер Науерт, која американскиот претседател Доналд Трамп ја избра за иден амбасадор на САД во ОН, но никогаш официјално не ја номинира за таа функција, се повлече како можен кандидат, соопшти Стејт департментот.

Науерт истакна дека „изминатите два месеца биле тешки за нејзиното семејство и затоа е најдобро за нив да го повлече своето име како избор за таа функција“.

Американскиот државен секретар ,Мајк Помпео изјави дека ја почитува одлуката на Науерт и оти таа како член на неговиот тим одлично ги извршувала своите должности.

Стејт департментот наведе дека Трамп „наскоро“ ќе го објави кандидатот за амбасадор на САД во ОН.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина