Хатами: Иран цврсто го контролира Ормутскиот теснец, ги предупредуваме САД за последиците од копнена инвазија

Од:

Врховниот командант на вооружените сили на Иран, Амир Хатами, денес изјави дека Иран „има контрола“ врз Ормускиот теснец и ги предупреди САД да не започнуваат копнена операција против земјата.

– Техеран „цврсто стои“ и го контролира Ормускиот теснец. Ние пукаме врз Американците. Тие мора да знаат дека Исламската Република Иран е сериозна сила и го признава достоинството на иранскиот народ, рече Хатами.

Хатами додаде дека многумина очекувале Иран да биде „понижен“, но дека, како што изјавил, „победата на иранскиот народ е постигната и е во тек“, објави Скај њуз.

Хатами, исто така, го предупреди Вашингтон да не започнува копнена операција против Иран, велејќи дека ако американските војници „стапнат со своите валкани нозе на иранска почва“, ќе се соочат со милиони луѓе кои, како што рече, „ќе им се спротивстават со сите расположливи средства“.

Бројот на бродови што минуваат низ Ормускиот теснец се намали откако САД повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, бидејќи тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се шират низ Персискиот Залив.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност