Харвард водечки на Шангајска листа

Од:

Најдобар универзитет во светот е Харвард, а потоа следуваат Станфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнија и Универзитетот во Чикаго, покажува денеска објавената престижна Шангајска листа.

Меѓу првите десет универзитети на оваа листа се осум американски и два британски универзитети.

Што се однесува на регионот, на листата се само Универзитетот во Белград, кој е позициониран меѓу 201. и 300. место и Универзитетот во Љубљана, кој е во групата од 401. до 500 место. На листата нема универзитети од Македонија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Шангајската листа, која секоја година ја објавува универзитетот Џиао Тонг од Шангај, е една од највлијателните листи, која ги рангира 500-те најдобри универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, цитираност, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале или работат таму.

Листата е неформална, но е работа на престиж да се биде на неа, бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.

Би можело да ве интересира

Универзитетот Харвард со тужба против наредба на Трамп

Ана Ололовска

Поради новите упатства за одземање визи, Харвард и МИТ ја тужат администрацијата на Трамп

А1он

Шангајска листа: Нема универзитет од Македонија меѓу најдобрите петстотини

Емир Латифовиќ

Евакуација на Харвард поради закана со бомба

Емир Латифовиќ

Харвард доби 400 милиони долари од поранешен студент

Ана Ололовска

Харвард забрани секс меѓу професорите и студентите

Емир Латифовиќ