Поради новите упатства за одземање визи, Харвард и МИТ ја тужат администрацијата на Трамп

Од:

Универзитетите Харвард и МИТ ја тужат администрацијата во Вашингтон пред Федерален суд со барање да се блокираат упатствата со кои странските студенти во САД се лишуваат од виза ако курсевите ги следат онлајн. Многумина во земјата сметаат дека упатствата, издадени од американската служба за имиграција во понеделникот, се притисок за отварање на универзитетите и покрај растечката загриженост од ширењето на Ковид-19 кај младите во изминатиот период.

Новите насоки дојдоа истовремено кога Харвард објави дека планира предавањата да ги оддржува на далечина, додека многу други унверзитети планираат хибридна настава преку намалено физичко присуство, но главно онлајн.

Од Харвард, упатствата ги нарекоа „сурови“, „непромислени“ и дека се смислени за притисок врз универзитетите да држат физичка настава „без обзир на загриженоста за здравјето на студентите, професорите и останатите“. Оттаму велат дека ова ќе спречи 5.000 студенти од Харвард и стотици илјади од останати универзитети низ земјата да останат во САД.

Во тужбата се налага судот да издаде привремена судска забрана за спречување на властите да ја стават во сила уредбата затоа што таа ги прекршува административните процедурални акти. Мерката оспорена од универзитетите се однесува на визите Ф1 (за академски курсеви) и М1 (за стручно оспособување).

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп