Харвард е најдобaр универзитет во светот според листата која ја објавија Тајмс, a меѓу првите 100 се наоѓаат 40 универзитети од Америка.
По Харвард следуваат Масачусетс Институтот за технологија во Бостон (МИТ) и Кембриџ универзитетот.
Велика Британија е втора земја според бројот на високообразовни институции на листата (од Островот
доаѓаат 9 универзитети), а трета е Австралија, која има шест претставници меѓу најдобрите 100 според репутацијата.
Меѓу првите десет, Универзитетот во Токио (на 9-то место) е единствениот кој не доаѓа од САД или од Британија.