Харис: САД нема да дозволат принудно преселување на Палестинците од Газа или Западниот Брег

Од:

На самитот COP28 американскиот потпретседател Камала Харис ги изложи широките цели на САД откако ќе заврши конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Во разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, Харис рече дека „Соединетите држави во никој случај нема да дозволат принудно преселување на Палестинците од Газа или Западниот Брег, опсада на Газа или прекројување на границите на Газа“.

Таа исто така рече дека штом војната ќе заврши, напорите за обнова треба да продолжат „во контекст на јасен политички хоризонт за палестинскиот народ кон сопствена држава предводена од ревитализирана палестинска власт и со значителна поддршка од меѓународната заедница и земјите во регионот”.

„Хамас не може да ја контролира Газа, што е неодржливо за безбедноста на Израел, благосостојбата на палестинскиот народ и регионалната безбедност”, соопшти Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во Газа загинале 34.305 луѓе

Хамас: Подготвени сме за примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел