Харис: Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“

Од:

Владимир Путин не е заинтересиран за „сериозна дипломатија“ изјави во Романија потпретседателката на САД Камала Харис.

Таа додаде дека САД се посветени на изнаоѓање дипломатско решение но не е оптимист дека Москва во моментов го има истиот став.

– Од самиот почеток, САД искрено се обидоа да се вклучат во дипломатијата. Од сè што знаеме и сме сведоци, Путин не покажува знаци дека се занимава со сериозна дипломатија, рече таа и додаде дека Русија се занимава со „лаги“ и „дезинформации“.

Харис нагласи дека Русија треба да сноси одговорност за своите постапки додека продолжуваат дипломатските напори.

– Ние веруваме дека дипломатијата е начинот за решавање на овие прашања“, рече таа, додавајќи дека тоа треба да „коегзистира со нашата посветеност да обезбедиме нашите сојузи да бидат силни и дека мора да има сериозни последици и одговорност за она што го прави Русија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

Потврдено: Се подготвува средбата Путин-Трамп

Предраг Петровиќ

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Путин: Русија ја споделува вашата тага